Saturday, December 28, 2013

Венеција (Venezia)



Венеција ( италијански:Venezia, венетски:Venexia), е главен град на регионот Венето.



Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали параброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.До градот има и железничка пруга и автопат преку големиот „лагунски мост“. На островот Лидо се наоѓа и аеродромот “Марко Поло”.


Венеција има многу познати архитектонски и уметнички споменици: Дуждова палата, црквата Свети Марко и деведесет други цркви, богати музеи, уметнички галерии, познатата академија на уметностите, опсерваторија и други научни и културни установи. Во неа се одржуваат и познатиот Венецијански филмски фестивал, Биеналето, Тетарскиот фестивал. Позната е и по изработката на предмети одстакло (потекнува од островот Мурано), чипка, сребро, злато, кожа. Во предградијата на Венеција се наоѓа индустриска зона, а во близина се многубројните плажи, од кои најпозната е Лидо.


Најзначајните економски средства на градот произлегуваат од туризмот, додека другите производствени активности се префрлени на копно, во блиските центри како Местре и Маргера. Од оваа причина многу изворни жители на Венеција се преселуваат а прекрасните венецијански палати се напуштаат и се употребуваат во туристички цели.

Венеција (италијански: Venezia, венециски: Venexia] е град во северна Италија познат по туризмот и индустријата, и е главен град на регионот Венето, со население од околу 270.660 (според извршениот попис na 30 Април 2009 година). Заедно со Падова и Тревизо, градот е вклучен во областа Падуа-Тревизо-Венеција (PATREVE) (1.600.000 жители). Името потекнува од древните народи Венети кои го населиле регионот во 10. век п.н.е. Градот историски бил главен град на Венецијанската Република. Венеција е позната и како „Lа Dominante“, „Serenisima“, „Кралица на Јадранот“, „Градот на водатa“, „Град на маски“, „Градот на мостови“ и „Ловечки град„ и “Град на канали“. Луиџи Барцини, пишувајќи за „Њујорк Tајмс“, го опишал како „несомнено најубавиот град изграден од страна на човекот“ .Венеција исто така е опишанa од страна на Тајмс Oнлајн како едeн од најромантичните градови во Европа.


Градот се протега преку 117 мали острови во мочурливaтa Венецијанскa лагуна долж Јадранското Море во североисточниот дел на Италија. Лагуната од солена вода се протега по должината на брегот помеѓу утoките на реките По (југ) и Пјаве (север). Населението кое е проценeто на 272.000 жители go вклучува и населението на целата општина Венеција; околу 60.000 во историскиот град на Венеција.176.000 во Тераферма (на копното), претежно во големте frazioni на Местре и Маргера; а 31.000 живеат на другите острови во лагуната.

No comments:

Post a Comment