Thursday, December 26, 2013

Голем канал (Венеција)




Канал гранде или Големиот канал (италијанскиCanal Grande; венециски: Canałasso) е најголмиот канал во ВенецијаИталија. Каналот го формира главниот вовдоводен систем во градот. По овој канал се одвива главниот превоз во градот преку превозни средства кои се викаат вапорети . Покрај овој канал поминуваат и голем број на такси глисери кои ги превезуваат туристите при прошетка во градот.Каналот започнува од плоштадот Санта Лусија, кај истоимената жеежничка станица и води кон плоштадот Свети Марко.Самиот канал има форма на бројот 5 и градот го дели на два дела. Каналот е долг 3.800 метри, широк од 30 до 90 метри, со просечна длабочина ос 5 метри.По должината на каналот се наоѓаат околу 170 прекрасни палати и објекти. Повеќе од овие објекти биле градени во периодот од 13 век до18 век, демонстрирајќи ја големата уметност која владеела во времето на Венецијанската Република. Најпознати палата се Кa' РецоникоПалацо БарбароКа' д'ОроПалацо Фоскари,Ка' Пезаро и други. Покрај каналот се наоѓаат и голем број на цркви, од кои најпознати се Базилика Санта Марија дела Салуте.Поголемиот дел од прометот се одвива по текот на каналот, но не и преку него. До 18 век, само еден мост се поврзувал преку каналот Понте ди Риалто. Денеска преку каналот може да се престигне и преку други три моста: Понте дегли Скалзи, Понте дел Академија и Понте дела Констуционе.

No comments:

Post a Comment