Saturday, December 28, 2013

Венеција (Venezia)



Венеција ( италијански:Venezia, венетски:Venexia), е главен град на регионот Венето.



Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали параброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.До градот има и железничка пруга и автопат преку големиот „лагунски мост“. На островот Лидо се наоѓа и аеродромот “Марко Поло”.


Венеција има многу познати архитектонски и уметнички споменици: Дуждова палата, црквата Свети Марко и деведесет други цркви, богати музеи, уметнички галерии, познатата академија на уметностите, опсерваторија и други научни и културни установи. Во неа се одржуваат и познатиот Венецијански филмски фестивал, Биеналето, Тетарскиот фестивал. Позната е и по изработката на предмети одстакло (потекнува од островот Мурано), чипка, сребро, злато, кожа. Во предградијата на Венеција се наоѓа индустриска зона, а во близина се многубројните плажи, од кои најпозната е Лидо.


Најзначајните економски средства на градот произлегуваат од туризмот, додека другите производствени активности се префрлени на копно, во блиските центри како Местре и Маргера. Од оваа причина многу изворни жители на Венеција се преселуваат а прекрасните венецијански палати се напуштаат и се употребуваат во туристички цели.

Венеција (италијански: Venezia, венециски: Venexia] е град во северна Италија познат по туризмот и индустријата, и е главен град на регионот Венето, со население од околу 270.660 (според извршениот попис na 30 Април 2009 година). Заедно со Падова и Тревизо, градот е вклучен во областа Падуа-Тревизо-Венеција (PATREVE) (1.600.000 жители). Името потекнува од древните народи Венети кои го населиле регионот во 10. век п.н.е. Градот историски бил главен град на Венецијанската Република. Венеција е позната и како „Lа Dominante“, „Serenisima“, „Кралица на Јадранот“, „Градот на водатa“, „Град на маски“, „Градот на мостови“ и „Ловечки град„ и “Град на канали“. Луиџи Барцини, пишувајќи за „Њујорк Tајмс“, го опишал како „несомнено најубавиот град изграден од страна на човекот“ .Венеција исто така е опишанa од страна на Тајмс Oнлајн како едeн од најромантичните градови во Европа.


Градот се протега преку 117 мали острови во мочурливaтa Венецијанскa лагуна долж Јадранското Море во североисточниот дел на Италија. Лагуната од солена вода се протега по должината на брегот помеѓу утoките на реките По (југ) и Пјаве (север). Населението кое е проценeто на 272.000 жители go вклучува и населението на целата општина Венеција; околу 60.000 во историскиот град на Венеција.176.000 во Тераферма (на копното), претежно во големте frazioni на Местре и Маргера; а 31.000 живеат на другите острови во лагуната.

Friday, December 27, 2013

Мода во Венеција





Во 14 век, многу млади венецијански мажи почнаa да носат теснo, затегнати шарени чорапи, а дизајните укажуваа на Compagnie della Calza ("Trouser Club") на кои им припаѓале. Венецијанскиот Сенат ги усвои сумптуарните закони, но овие едвај резултираа со промена во модата, со цел да се заобиколи законот. Досадните облеки се носea над оние шарените кои тогаш биле правени за да ги покажат скриените бои што резултирало со широкотo движење на машката "slashed" мода во 15 век. Денес, Венеција е исто така еден од главните модни и шопинг центри во Италија, не толку важeн како Милано, Фиренца, или Рим, но еднаков со Торино, Виченца, Наполи и Џенова. Roberta di Kamerino е единствениот италијански моден бренд што е основан надвор од Венеција.Основан во 1945 година, тој е познат по своите иновативни чанти со железни додатоци од Венецијанските занаетчии и често прекриени со локално плетено кадифе, а е заслужен за создавање на концептот на лесно препознатливa чанта на статус.Многу од модните бутици и продавници за накит во градот се наоѓаat на мостот "Ријалто" и плоштадот Свети Марко. Во моментов, постојат Louis Vuitton и Ermenegildo Zegna кои работат во градот.




Италијанците се познати по својот префинет вкус кога станува збор за облеката. Тие воопшто не го изоставуваат уникатниот изглед каде и да треба да се појават. Софистицираноста е во нивните гени, а тоа ќе го заклучите и од галеријата низ која ќе сретнете изгледи кои укажуваат на тоа дека кај Италијанците оваа сезона актуелни се кратките панталочниња, фустаните во вид на плетена мрежа, чистиот памук и белите маички како и облеката со животински принтови. Во продолжените погледнете ја галеријата од изгледи низ улиците на Италија.

Thursday, December 26, 2013

Голем канал (Венеција)




Канал гранде или Големиот канал (италијанскиCanal Grande; венециски: Canałasso) е најголмиот канал во ВенецијаИталија. Каналот го формира главниот вовдоводен систем во градот. По овој канал се одвива главниот превоз во градот преку превозни средства кои се викаат вапорети . Покрај овој канал поминуваат и голем број на такси глисери кои ги превезуваат туристите при прошетка во градот.Каналот започнува од плоштадот Санта Лусија, кај истоимената жеежничка станица и води кон плоштадот Свети Марко.Самиот канал има форма на бројот 5 и градот го дели на два дела. Каналот е долг 3.800 метри, широк од 30 до 90 метри, со просечна длабочина ос 5 метри.По должината на каналот се наоѓаат околу 170 прекрасни палати и објекти. Повеќе од овие објекти биле градени во периодот од 13 век до18 век, демонстрирајќи ја големата уметност која владеела во времето на Венецијанската Република. Најпознати палата се Кa' РецоникоПалацо БарбароКа' д'ОроПалацо Фоскари,Ка' Пезаро и други. Покрај каналот се наоѓаат и голем број на цркви, од кои најпознати се Базилика Санта Марија дела Салуте.Поголемиот дел од прометот се одвива по текот на каналот, но не и преку него. До 18 век, само еден мост се поврзувал преку каналот Понте ди Риалто. Денеска преку каналот може да се престигне и преку други три моста: Понте дегли Скалзи, Понте дел Академија и Понте дела Констуционе.